речник контакт

Коцевски победува во прв круг или ќе има уште едно гласање?

Општинската изборна комисија ги објави официјалните но не и конечни резултати од гласањето на претседателските и локални ибори 2009-та.

Петар Печков

Општинската изборна комисија ги објави официјалните но не и конечни резултати од гласањето на претседателските и локални ибори 2009-та. Во општина Велес во водство како кандидат за градоначалник е Аце Коцевски кандидат на ЛДП, СДСМ и НСДП со освоени 13.322 гласа пред Горан Петров од ВМРО-ДПМНЕ со 11.680 гласа.
 
Потоа следат Лазо Игнатовски од СДУ со 682, Невзат Муаремовски од ДУИ со 424 и Томислав Крстиќ од Титови леви сили со 178 гласа. За листата на советници најмногу гласови освои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 10.651, пред СДСМ и ЛДП со 7747, па ВМРО-НП со 1686, НСДП со 1010, Нова Демократија со 894, ПОДЕМ со 824, Сојуз на Титови леви сили со 779, ДУИ со 773, СДУ со 725,  и независната лсита на Блажо Атанасов со 421 глас.

На листата на претседател води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓогре Иванов со 11.321 потоа е кандидатот ан СДСМ Љубомир Фрчковски со 6041, независаниот кандидат Љубе Бишковски со 4085, па кандидатот ана Нова Демократија Имер Селмани со 2453, Нано Ружин од ЛДП со 1.822, Агрон Буџаску со 363 и   Мируше Хоџа  од ДПА со 175 гласа. На неделното гласање во општина Велес од запишани 47.850 гласачи излеле 27.069 или 56,6 отсто гласале, а има 809 неважечки ливчиња. Поради снегот на пет избирачки места не е гласано Џедимирци, Рудник, С `лп, `Рлевци и Сливник.

Кога таму ќе гласаат 405 избирачи ќе реши ДИК. Коцевски во првиот круг не победи за 213 гласа. Тој не верува дека ќе успее со гласањето во петте ибирачки места да обезбеди победа во првиот круг, што навестува дека во Велес, Коцевски и Петров ќе имаат уште една можност да стигнат до градоначалничката позиција.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »